Ако Вашиот лет задоцнил повеќе од 3 / три / часа имате право на обесштетување, освен ако авиокомпанијата не успее да докаже дека доцнењето се должи на „вонредни околности“, кои не би можеле да бидат избегнати со помош на разумни мерки. Тоа значи дека не се одговорни за доцнењето.
Ако Вашиот лет бил откажан кога сте биле веќе на аеродромот и тоа не се должи на „вонредни околности“, како на пример лошо време, штрајкови, имате право на обесштетување. Во случај кога причината за откажување е вонредна околност, превозникот треба да Ви предложи помош / поврат на средствата или пренасочување/ и грижа / храна и/или сместување/ додека чекате алтернативен превоз.
Во тој случај, може да имате право на обесштетување ако Вашиот лет е извршен од авиокомпанија од земја во ЕУ.
По разгледувањето на Вашето барање и документите поднесени од Вас, барањето го поднесуваме до соодветната авиокомпанија. За жал, не е можно да се предвиди и да се даде краен рок, потребен за финализирање на барањето. Ние се стремиме да имаме решение во рок од шест месеци од денот на поднесувањето на барањето, но не можеме секогаш да го гарантираме овој рок. Можно е постапката да заврши и во рок од неколку недели. Ние ќе Ве информираме за текот на целата постапка.
Во тој случај немате право на обесштетување. Согласно Регулативата, обесштетување можете да добиете само за задоцнетиот /откажаниот лет, но не и за пропуштената врска. Кога резервацијата со врзани летови е направена одделно, тоа се два одделни договора, независни еден од друг.
Откако ќе се регистрирате на нашата веб-страница, www.claimhelp.eu, ќе добиете на е-пошта потврда за Вашата регистрација, како и број на барање. Во секое време можете да нѐ контактирате на оваа е-пошта за да добиете информации за статусот на Вашето барање.
Не е нужно да ни плащате нищо. В случай, че постигнем успех по Вашата претенция ние ще удържим 25% комисион от Вашето обезщетение, изплатено от авиокомпанията.