Политика за приватност на личните податоци
КЛЕЈМХЕЛП ДООЕЛ
Заштитата на личните податоци и заштитата на личните и финансиските информации на нашите клиенти ни е особено важно. Поради тоа Вашите информации ги обработуваме исклучиво врз основа на применливото законодавство, конкретно Општата регулатива 2016/670 (попозната како GDPR), Законот за заштита на лични податоци (ЗЗЛП) и Законот за електронска трговија (ЗЕТ).
Ве молиме разгледајте ја внимателно оваа политика за приватност на Вашите лични податоци, со која Ве информираме како КЛЕЈМХЕЛП ДООЕЛ (во понатамошниот текст „Ние“ или „Друштвото“) ги обработува Вашите податоци, конкретно што се однесува на рокови и правни основи за нивно собирање, чување, користење и уништување.
Што се случува со Вашите податоци откако ќе се поврзете со нас?
Кога ќе ни пишете преку формуларот на нашата веб-страница или на нашата е-пошта, ние ги чуваме Вашите податоци во текот на потребниот период за обработување на Вашето барање, како и за да одговориме на Вашите наредни прашања. Нема да ги споделуваме овие информации со трети лица без Вашата изречна согласност!
Чување на Вашите податоци
Обрнуваме внимание дека со цел олеснување на процесот на регистрирање на Вашето барање, како и на извршување на договорот со Вас потоа, ја чуваме Вашата IP адреса, како и бројот на Вашиот лет, Вашето име и презиме, ЕМБ, адреса, е-пошта и телефонски број.
Податоците што ги давате се потребни за да ги исполниме своите преддоговорни или договорни обврски кон Вас. Ние не ги предаваме овие податоци на трети лица, освен на
– авиокомпанијата кон која го поднесуваме Вашето барање;
– доставувачот на платежни услуги, обработувач на плаќањето (банка, PayPal, ePay) кога Ви го преведуваме обесштетувањето добиено пред тоа и
– нашиот сметководител.
При извршена од Вас регистрација на барање, а во која не се содржат сите потребни податоци за поднесување на барањето, го задржуваме правото неколкукратно да побараме од Вас да ги приложите истите. При регистрација на барање и договор извршен од нас врз основа на чл. 6, став 1, точка (б) од GDPR ги чуваме сите податоци по правниот однос барем до истекот на рокот од 10 години, предвиден во чл. 12 од Законот за сметководство (ЗС).
Колачиња
Нашата веб-страница користи т.н. „колачиња“. Тоа се мали текстуални фајлови, кои се прикачуваат во прелистувачот и се чуваат на Вашиот краен уред. Тие се безопасни.
Ние ги користиме за да ја одржуваме нашата страница лесна за употреба. Некои „колачиња“ остануваат зачувани на Вашиот уред додека не ги избришете. Тие ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот прелистувач при Вашата следна посета на нашата страница.
Конкретно,колачињата што се користат на нашата страница се
а) _gat, _ga и _gid – тоа се „колачиња за ефикасност“ (performance cookies), поврзани со Google Analytics (видете подолу во точка „Анализа на интернет сообраќајот“);
б) _unam – тоа е „колаче за функционалност“ (functionality cookie), кое ни укажува каква содржина од нашата страницата споделувате во социјалните мрежи што ги користите;
в) _lc_sso – тоа е „колаче за сесија“, што Ви помага при користење на функцијата за разговор на нашата страница.
Сакаме да знаете дека „колачињата“ ги користиме врз основа на чл. 4а од Законот за електронска трговија (ЗЕТ) и член 6, став 1, точка (е) од GDPR.
Анализа на интернет сообраќајот
Нашата страница го анализира корисничкиот интернет сообраќај преку техничкото решение Google Analytics, дадено од Google Inc, 1600 Amphitheatre Parkway, Mountain View, CA 94043, USA. За таа цел користиме „колачиња“ кои ни овозможуваат да анализираме како корисниците ја користат нашата страница. Така добиените информации се предаваат на Google и се чуваат таму. Можно е информациите да се обработуваат во САД, при што Ве информираме дека ова се случува во рамките на договорот „Privacy Shield“, склучен меѓу Европската унија и САД .
Можете да го спречите тоа со нагодување на вашиот прелистувач за да не дозволи да се чуваат „колачиња“.
Обработката на податоците за анализа на интернет сообраќајот се врши врз основа на член 6, став 1. точка (е) GDPR. Нашиот легитимен интерес во смислата на GDPR се состои во подобрување на функционалноста на нашата страница. Ја почитуваме личната неприкосновеност на нашите корисници, поради што податоците што ги користиме за анализа на веб-сообраќајот се анонимизирани од Google Inc. Со него имаме договор за обработка на лични податоци.
Користење на опцијата за откажување(„Opt-out“)
Ако не се согласувате со нашето користење на „колачиња“, можете да го откажете нивното чување со нагодување на Вашиот прелистувач така што да Ве информира кога некоја страница сака да сочува „колачиња“ на Вашиот уред, а Вие соодветно да ги прифаќате или не . Имајте предвид дека оневозможувањето на „колачињата“ во Вашиот прелистувач може да доведе до ограничување на функционалноста на нашата страница за Вас.
Вашите права
Имате право на пристап до Вашите податоци што ги обработуваме, како и право на исправка, бришење (право „да бидете заборавени“), ограничување на обработката, преносливост на податоци, повлекување на согласноста и приговор.
Ако мислите дека нашата обработка на Вашите податоци ги прекршува одредбите за заштита на лични податоци или ако мислите дека според овие одредби Вашите права биле прекршени на некаков начин, можете да се обратите кај надлежниот административен орган. Во Бугарија тоа е Комисијата за заштита на лични податоци.
Поврзете се со нас на еден од следниве начини:
“КЛЕЈМХЕЛП” ДООЕЛ, со седиште и адреса на управување во гр.София, ул. “Мајски ден” 26, ап.50.
Телефон: 0898 / 70-96-75
Е-пошта: info@claimhelp.eu
Во кој и да било случај побарајте ја и контактирајте ја г-ѓа Елена Владимирова.